Азербејџан: Се уште се трага по десетици нафтени работници

Властите во Азербејџан денеска најдоа второ тело на вработен во нафтената компанија а трагаат по уште исчезнати по невремето кое предизвика пожар на нафтената компанија во Каспиското езеро. Во меѓувреме претседателот Илхам Алиев прогласи национален ден на жалост за починатите и исчезнатите во несреќата што се случи завчера доцна вечерта. Азербејџанската државната нафтена компанија СОКАР соопшти дека спасувачите евакуирале 33 од нафтената платформа, но првиот човек на Комитетот за заштита на нафтените работници рече дека 32 вработени загинале, а 42 се спасени. СОКАР кој е сопственик на платформата не ги потврди овие информации.