Ерменците денеска на референдум за Уставот

Гласачките места во Ерменија денеска се отворени а граѓаните треба да се изјаснат за предлогот поддржан од владата за промена на системот од претседателски во парламентарен. Владата го закажа референдумот на 6 декември откако претседателот Серж Саргисијан ги предложи уставните амандмани наведувајќи дека измените ќе ја направат соработката меѓу различните сектори во владата по ефективна и ќе придонесат за поголем економски развој и заштита на човековите права.
Ерменскиот национален конгрес и други опозициски групи спроведоа кампања против реформите со кои земјата треба од претседателска да стане парламентарна република, наведувајќи дека тоа е обид на Саргисиан да остане на власт и по завршувањето на неговиот мандат во 2018 година по кој нема право на реизбор. Минатата недела Саргисиан одби да открие дали тој ќе стане премиер или претседател на парламентот ако референдумот заврши успешно.Главните опозиционери во петокот посочија дека Ерменците не ги поддржуваат измените и дека нема да гласаат за предлогот, а референдумот би бил успешен само ако владата ги фалсификувала резултатите.