Ирак:Турскиот амбасадор повикан поради влегувањето на војската

Ирачкото министерство за надворешни работи го повика турскиот амбасадор за да побара турските војници веднаш да се повлечат од северен Ирак.
Во вчерашното соопштение министерството наведува дека турската војска влегла во Ирак без знаење на ирачката влада и дека нивното присуство го сметаат како непријателски акт. Турскиот премиер Ахмет Давутоглу претходно рече дека влегувањето на војниците било рутинска ротација претходно координирана со Багдад. Ирачкиот премиер Хајдар ал-Абади го осуди потегот на турската војска и побара итно повлекување. Во соопштението од неговиот кабинет се наведува дека влегувањето на околу еден баталјон вооружен со тенкови и топови е повреда на ирачкиот суверенитет.