Времето денеска сончево со слаб ветер

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала облачност и со слаб северен ветер. Претпладне по одделни котлини и речните долини ќе има ниска облачност и појава на магла која во текот на денот ќе се намалува. Утринската температура ќе се движи од минус четири до пет, а дневната од 10 до 18 степени. Во Скопје времето претпладне претежно облачно и тивко, а попладне облачноста ќе се намалува. Дневната температура ќе достигне до 11 степени.