Обама вети дека ќе се истражи убиството во Калифорнија

Американскиот претседател Барак Обама вети дека федералните истражни органи ќе откријат што ја мотивирало брачната двојка од Калифорнија да пука и да убие 14 луѓе. Ние сме силни, ние сме отпорни и нема да бидеме тероризирани, рече Обама во своето неделно обраќање денеска. Ташфен Малик и Сајед Фарук беа убиени во пукотниците со полицијата по нападот кој се случи на 2 декември на забава во Регионалниот центар за социјална заштита во Сан Бернардино. Федералното биро соопшти дека го испитува случајот како терористички акт. Сосема е можно двајцата напаѓачи да биле радикализирани да го извршат терористичкиот акт, рече Обама.