Ердоган: Турција може да најде други доставувачи на енергенси наместо Русија

Турција може да пронајде други доставувачи на енергенси наместо Русија, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Како што пренесува ТАСС тој ова го рекол алудирајќи на Катар и Азербејџан. Ердоган претходно изјавуваше дека Турција е клучниот купувач на нафта и гас од Русија. Турција увезува 90,5 отсто од нафтата, која и е потребна и 98,5 проценти од природниот гас, што го користи. Русија е главниот доставувач на енергенси за Турција, обезбедувајќи 55 отсто од природниот гас и 30 отсто од нафтата.Односите меѓу Москва и Анкара се заострија, откако турските военовоздухопловни сили на 24 ноември го собирија рускиот бомбардер Су-24 на небото над Сирија.