Њу Јорк Тајмс со коментар на насловна бара поголема контрола на оружјето во САД

Њу Јорк Тајмс презема невообичаен чекор излегувајќи со коментар на насловната страница во кој се бара поголема контрола на оружјето во Соединетите Американски Држави.Во едиторијалот објавен денеска се бара забраната на видот на оружјето што беше користено во масакрот кој се случи штед три дена во Калифорниа во кој загинаа 14 луѓе. Сајед Ризван Фарук и Ташфен Малик, брачната двојка која пукаше поседуваше легално оружје а ФБИ соопшти дека инцидентот го истражува како терористички акт. Двојката имала и полуавтоматско оружје а американските власти соопштија дека Малик имал контакти со исламистички групи. Њу Јорк Тајмс сугерира дека таков тип на оружје какво што беше користено во масакрот во Калифорнија не треба да се дозволи да го поседуваат цивили.