Грузија:Одземено државјанството на поранешниот претседател Саакашвили

Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили кој сега е гувернер на регионот Одеса во соседна Украина рече дека одлуката на Тбилиси да му го одземе грузиското државјанство е политички мотивирана. Саакашвили кој почна со работата во Одеса во мај неколку часа по одлуката на властите во Тбилиси за РСЕ рече дека тие се уплашени од него.Грузискиот претседател Гиорги Маргвелашвили му го одзема државјанството на Саакашвили вчера, ден откако министерството за правда го препорача таквиот чекор. Тбилиси се повикува на забраната на двојно државјанство а Сакаашвили стана и украински државјанин порано годинава за да може да ја преземе работата во Одеса понудена од неговиот другар, украинскиот претседател Петро Порошенко.