Одложен Ровер, Бошковски тврди дека е наместен

Љубе Бошковски

На денешното рочиште за случајот Ровер еден од обвинетите, Љубе Бошковски изјави дека поседува аудио-снимка со која може да се докаже дека бил наместен и дека неговиот случај е полициско политичка монтажа. Обвинителката Лидија Раичевиќ- Вучкова потоа соопшти дека се повлекува од случајот, доколку биде преземен од Специјалното обвинителство.Таа не сакаше да го прегледа материјалот.

Според Бошковски, процесот Ровер е конструиран од висок функционер во полицијата. Тој истакна и дека неговиот адвокат ќе го достави материјалот до Специјалното јавно обвинителство. Судењето е одложено до јануари.