Давутоглу-Русија нема да ја турне на колена Турција

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави денеска дека грешат тие што мислат оти може да ја турнат Турција на колена со економски санкции. Давутоглу говорејќи на дипломатската академија во Баку повторно истакна дека Турција нема да и се извини на Русија за тоа што ги бранела своите граници.

Тој за прв пат наведе дека Анкара не може да дозволи авион да го нарушува воздушниот простор на државата пред да изврши напад на област каде живеат Туркмени во Сирија. Русија воведе економски санкции против Турција, по соборувањето на рускиот борбен авион.