Во Собранието на Република Македонија денеска ќе продолжи 13-от состанок на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европска унија кој почна вчера.
На утринската сесија предвидено е обраќање на министерот за надворешни работи Никола Попоски. Членовите на Комитетот ќе го проследат и обраќањето на претседателот на Долниот дом на Чешкиот Парламент Јан Хамачек. Состанокот ќе заврши со усвојување предлог препораки.
На вчерашната сесија се дискутираше за евроинтеграциските процеси и актуелната мигрантска криза,а се обрати вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими.