Лавров оствари средба со Чавушоглу во Белград

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров со неговиот турски колега Мевљут Чавушоглу

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се сретна со неговиот турски колега Мевљут Чавушоглу на маргините на министерскиот совет на ОБСЕ во Белград. Тоа е прва средба од високо ниво меѓу претставници на двете земји откако турските сили соборија руски борбен авион во близина на границата со Сирија. Детали од нивниот разговор не беа соопштени. Русија по инцидентот воведе економски санкции против Турција.