Вучиќ повика на координирани напори за мигрантската криза

Српскиот премиер Александар Вучиќ

Српскиот премиер Александар Вучиќ повика на координирани меѓународни напори за решавање на мигрантската криза. Тој предупреди дека ксенофобијата и стравот од екстремизам се зголемени по терористичките напади во Париз. Говорејќи на отварањето на министерската конференција на ОБСЕ во Белград тој побара и да се најдат заеднички решенија и препораки за кризата. Вучиќ истакна и дека стотици илјади мигранти и бегалци поминале низ Србија и другите земји од балканската рута.