Нападнати реони со нафта во Сирија

Воздушната коалиција предводена од САД извршила напади врз реоните богати со нафта во источна Сирија кои се под контрола на милитантите на Исламската држава. Сириската организација за човекови права не соопшти дали воените авиони биле британски, но информира дека биле извршени напади во покарината Деаи ал Зор.

Британските сили, само неколку часа откако парламентот донесе одлука, започнаа воздушни напади врз милитантната група Исламска држава во Сирија. Авиони од типот Торнадо полетале од базата на Кипар при што нападнале цели на милитантите во Сирија.