Аселборн: Грција ја подобрува граничната соработка

Грчките власти ја подобруваат соработката со агенциите на Европската унија за поголема контрола на мигрантите. „Се уште има проблеми, но има и напредок“, изјави Жан Аселборн, министер за надворешни работи на Луксембург, земја која претседава со Европската унија. Во интервју за Ројтерс тој ги отфрли наводите дека и упатил ултиматум на Атина во врска со исклучувањето на Грција од Шенген зоната. Тој додаде дека очекува конечен договор околу соработката со Фронтекс на границата со Македонија. „Тие ми ветија дека до петок оваа соработка ќе биде имплементирана“, додаде тој.