Времето денеска: сончево со утринска магла

Во Македонија ќе биде сончево, претпладне со слаба магла по котлините. Ќе дува слаб северен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната од 11 до 16 степени. Во Скопје ќе биде сончево со утринска магла. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до 13 степени.