Сериозно повреден лидер на талибанците во Пакистан

Талибанскиот лидер Мулах Ахтар Мансур

Авганистанските власти соопштија дека талибанскиот лидер Мулах Ахтар Мансур е сериозно повреден во оружените судири по вербалната расправија на средбата на командантите на милитантната група во Пакистан. Според нив, Мансур бил пренесен во болница и не се знае дали преживеал. Портпаролот на талибанците, Забихулах Мујахид негираше дека се случиле судирите. Тој истакна дека Мансур бил присутен на средбата во Куета, каде се верува дека е лоцирано раководството на талибанците.