Британскиот парламент ќе гласа за кампањата против ИД

Британскиот премиер Дејвид Камерон

Британскиот парламент денеска најверојатно ќе го одобри спроведувањето на воздушни напади против милитантите на Исламската држава во Сирија. Премиерот Дејвид Камерон ги повика законодавците од сите партии да го поддржат неговото барање.

Според него, Британија може да направи вистинска разлика во воздушната кампања предводена од САД против милитантите. Тој нагласи и дека заканата е многу реална и прашањето е дали ќе работат со сојузниците и ќе ги уништат терористите или ќе седат настрана и ќе ги чекаат.