Русија го обвини Ердоган за трговија со нафта со ИД

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Руското министерство за одбрана обвини дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговото семејство се вмешани во нелегалната трговија на нафта со милитантната група Исламска држава. Министерството соопшти дека му се познати три рути преку кои Исламската држава ја испорачува нафтата во Турција.

Од министерството наведуваат и сателитски снимки на кои се гледаат танкери со нафта кои ја преминуваат границата меѓу Сирија и Турција. Но, американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека Турција е посветена на блокирање на границата со Сирија во реоните кои се под контрола на Исламската држава.