Украина ќе издвои 5 отсто од БДП за одбрана

Украинскиот претседател Петро Порошенко

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави денеска дека неговата влада ќе потроши пет проценти од бруто домашниот производ на одбрана и безбедност во наредната година со цел да се зајакне армијата во борбата против проруските бунтовници во источниот дел на земјата. Според него, 14 проценти од буџетот ќе бидат исто така издвоени за одбрана и безбедност на земјата. Во конфликтот во источна Украина досега загинаа 7900 лица.