Во Македонија по 16- ти пат Ден на дрвото

Под мотото „Засади успех“ денеска на повеќе од 100 локации во Македонија се одржува 16-тата акција Ден на дрвото, засадија својата иднина“. Овој пат е предвидено да бидат засадени три милиони дрвца на 930 хектари земјиште. Како што информираат од Граѓанското здружение „Ден на дрвото засади ја својата иднина!“ ќе бидат засадени и 7.000 олеандери покрај автопатот Гевгелија Смоквица и 3.000 чемпреси покрај другите автопати низ државата. Според нив, досега граѓаните во Македонија засадиле околу 50 милиони дрвца, а од Инспекторатот за земјоделие е потврдено дека околу 60 проценти од нив се зафатиле.