Уапсени 4 лица од Косово за тероризам

Косовската и италијанската полиција уапсила четири лица кои се осомничени дека се обидувале да регрутираат борци во Сирија и Ирак и за промовирање на терористички активности на социјалните мрежи. Тројца од осомничените кои потекнуваат од Косово се уапсени во Италија, е едниот од нив во Приштина.

Според косовската полиција, бил извршен претрес на куќата на осомничениот, која се наоѓа на 65 километри од Приштина, при што бил пронајден пиштол, пушка и некои електронски направи. Италијанската полиција соопшти дека осомничените биле активни на интернет каде ја промовирале својата кауза, но не биле инволвирани во други активности.