Заев: Одлуката на ДИК е политички диригирана

Одлуката на Државната изборна комисија е очекувана и водена од политичкиот интерес на власта, а актуелниот состав на комисијата чиј мандат истече на 8 ноември годинава на неполни 24 часа пред изборот на новиот состав донесе политички диригирана одлука на штета на граѓаните, наведе на денешната прес конференција лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Пред денешната закажана аукција тој ги повикува банките да се воделе од државниот интерес и од интересот на граѓаните, а како најголеми доверители рече дека морале да имаат предвид оти сите аукции на државни хартии од вредност што немале согласност од дополнителниот заменик министер за финансии ќе биле предмет на дополнително законско преиспитување од аспект на нивно третирање како законски јавен долг.

Ваквите пораки од Заев следуваат откако ДИК вчера со пет гласа „за“ одлучи дека новиот заем нема да влијаел врз изборниот процес и со тоа практично го оспори ветото од дополнителниот заменик министер Кире Наумов.