Путин: Турција го урна авионот за да ја заштити трговијата со нафта со ИД

Рускиот претседател Владимир Путин ја обвини Турција дека соборувањето на рускиот борбен авион било со цел да се заштити трговијата со нафта што ја имала со милитантите на Исламската држава. Путин ова го рече на маргините на Париската конференција за климатски промени. Ваквите наводи, според турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, биле „обична клевета“.