Казахстан стана членка на Светската трговска организација

Казахстан стана сто шеесет и втората членка на Светската трговска организација. Земјите членки на организацијата денеска го одобрија влезот на земјата со најголема економија во Централна Азија. Казахстан ги започна преговорите со организацијата во 1996 година, кои беа блокирани поради членството на земјата во Евроазиската економска унија, која е предводена од Русија.