Русија планира воени вежби на Артикот

Руските воздушни сили планираат да спроведат воени маневри на Северниот пол наредната година. Портпаролот на воздушните сили, Јевгениј Мешков изјави дека во вежбите ќе бидат вклучени и Центарот за експедиција, Географското друштво и Военото транспортно воздухопловство. Минатиот месец министерот за одбрана Сергеј Шоигу изјави дека Русија долгорочно ќе распореди воена единица на Артикот до 2018 година.