Обама им оддаде почит на жртвите од нападите во Париз

Американскиот претседател Барак Обама им оддаде почит на жртвите во неодамнешните терористички напади во Париз. Обама во придружба на францускиот претседател Франсоа Оланд и парискиот градоначалник Ани Хидалго положија цвеќиња во концертната сала Батаклан каде што на 13 ноември загинаа 90 луѓе.