Во Париз самит за климатските промени

Скоро 150 лидери се собрани во Париз на клучни разговори за обезбедување долгорочен договор со цел намалување на покачувањето на температурите во светот. Самитот кој е во организација на Обединетите нации ќе трае до 11 декември а се одвива со зголемени безбедносни мерки по нападите во Париз на 13 ноември. За време на конференцијата позната како КОП21 преговарачи од 196 земји ќе се обидат да дојдат до спогодба за запирање на испуштањето штетни гасови кои предизвикуваат затоплување на Планетата. Меѓу учесниците на собирот за кој владее оптимизам дека ќе биде и успешен се и американскиот, рускиот и кинескиот претседател.