Илјадници луѓе на погребот на убиениот курдски активист во Турција

Познатиот курдски активист за човекови права Тахир Елчи.

Илјадници луѓе присуствуваат на погребот на познатиот курдски активист за човекови права Тахир Елчи. Тој беше застрелан вчера во турскиот град Дијарбакир додека даваше изјава за медиумите. Во нападот беа застрелани и двајца полицајци. Турскиот премиер Ахмед Давутоглу изјави дека властите истражуваат дали Елчи бил директна цел на напаѓачите или загинал во размената на оган меѓу напаѓачите и полицијата. Обраќајќи им се на илјадниците присутни на погребот, прокурдскиот партиски лидер Селахатин Демиртас рече дека Елчи е жртва на „политички убиство“. Елчи се залагаше за мир меѓу курдските бунтовници и турските безбедносни сили. Тој се соочуваше со обвиненија дека ги брани бутнтовниците, кои Турција ги смета за терористи.