Тајни простории во гробницата на Тутанкамон

Илустрација.

Египетски претставници соопштија дека има 90 отсто шанси да бидат пронајдени скриени простории во рамки на гробницата на момчето-крал на антички Египет, Тутанкамон. Инфрацрвените и радарски скенирања на ѕидовите на гробницата ќе бидат испратени на анализа во Јапонија пред да продолжат истражувањата, соопшти министерот за антиквитети Мамуд ал-Дамати на денешната прес-конференција во Луксор. Британскиот египтолог Николас Ривс смета дека во скриени простории може да е и гробницата на кралицата Нефретити, жена на таткото на Тутанкамон, фараонот Ехнатон. Ако во скриените простории навистина е гробницата на Нефретити, тоа ќе биде најзначајното археолошко откритие во Египет во овој век.