Албанија ја слави 103-годишнината од независноста

Исмаил Ќемали, првиот албански премир, го подигнал албанското знаме и ја прогласил незавиноста на Албанија на 28 ноември 1912 година во Валона.

Албанија денеска ја слави 103 години од независнота, кога на 28 ноември 1912 година во приморскиот град Валона, Исмаил Ќемали, првиот албански премир, го подигнал албанското знаме и ја прогласил незавиноста на Албанија.

Главната церемонија се одржува во Валона со симболично подигање на знамето, на која присуствуваат претседателот Бујар Нишани и премиерот Еди Рама, потпретседателот на Парламентот Валентина Лескај, првиот човек на општината Дритан Лели, како и други носители на функции.

Шефот на државата Нишани и премирот Рама положија венец на Спомникот на Независоста на Албанија по што следуваат другите предвидени активности, меѓу кои и нивно обраќање пред присутните граѓани на плоштадот.

Опозицијата, предводена од демократите на Љуљзим Баша со кои беше и почесниот претседател на партијата и поранешен шеф на државата и екс премиер, Сали Бериша Денот го одбележуваа во Тирана, оддавајќи им признание и почит и на народнте херои и паднати борци од Народно ослободителната војна.

По повод Денот на незвисноста и Денот на знамето се организираат низа активности во земјата, како и насекаде каде што живеат Албанци.