Потсетување на Холодоморот во Украина

Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска треба да учествува на церемонијата за оддавање почит на милиони луѓе кои умреа од глад за време на советскиот диктатор Јосиф Сталин. Церемонијата ќе се одржи во Музејот посветен на гладот, односно на Холодоморот(Помор од глад) во главниот град Киев. Едноминутно молчење ќе има низ целата земја. Денот на жртвите од Холодоморот, 28 ноември, се одбележува од 2006 година. Холодоморот се случил во 1932 и 1933 година, кога тогашната советска власт спровела колективизација и им го одземала родот на селаните. Се проценува дека повеќе од 10 милиони луѓе умреле како резултат на егзекуции, депортација и глад.