Војската почна да гради ограда на границата со Грција

Македонската армија утрово почна со поставувањето на метална ограда на јужната граница на земјата со Грција, на местото каде што мигрантите се обидуваат да преминат на македонска територија на пат кон Западна Европа, јавува Ројтерс. Војници поставуваат метални столбови и жица.

Претходно Унгарија постави жичана ограда на своите граници со Србија и со Хрватска да го спречи напливот на мигранти, а потоа Хрватска, Србија и Македонија почнаа селектирано да пропуштаат само бегaлци од воени подрачја, односно само Сиријци, Авганистанци и Ирачани. Но, мигранти од други националности останаа на македонско-грчката граница, на грчка територија со денови. Дел од нив пред два дена се обиделе насилно да ја минат границата.