Норвешка депортирала 30 Пакистанци

Норвешка депортирала околу 30 државјани на Пакистан кои барале азил во земјата. Норвешката амбасада во Исламабад соопшти дека тие биле депортирани во изминатите недели. Според амбасадата, бројката на депортирани ќе се зголемува со процесуирањето на случаите на барателите на азил. Повеќе од 400 Пакистанци годинава побарале азил во Норвешка. Околу 300 од нив преминале на територијата на Норвешка преку Русија.