Во Турција уапсени двајца новинари за шпионажа

Двајца познати новинари беа уапсени во Турција под обвинување за помагање на вооружена терористичка група и шпионажа откако објавиле снимки на кои наводно е прикажано дека турската тајна служба им испраќа оружје на бунтовниците во Сирија. Судот во Истанбул нареди апсење на Чан Дундар главниот уредник на „Чумхуриет“ и на дописникот од Анкара Ердем Ѓул. Снимките предизвикаа политичка бура во Турција која демантира дека вооружува бунтовници во Сирија.