Човек ја прескокнал оградата на Белата куќа

архивска снимка

Човек обвиткан во американско знаме синоќа ја прескокнал оградата на Белата куќа во Вашингтон во моментот додека американскиот претседател Барак Обама и неговото семејство таму го прославувале празникот Денот на благодарноста. Човекот набрзо бил задржан од тајните агенти и сега се соочува со кривично обвинување. Претходните два слични инциденти годинава доведоа до зацврстување на безбедносните мерки околу Белата куќа.