Оланд до Путин-Потребна е коалиција против ИД

Францускиот претседател Франсоа Оланд со неговиот руски колега Владимир Путин

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска на неговиот руски колега Владимир Путин му порачал дека светските сили мора да воспостават голема коалиција против милитантната група Исламска држава во Ирак и Сирија. Според него, организацијата е нивниот непријател и милитантите имаат територија, оружје и ресурси и затоа е потребно да се воспостави коалицијата.

Оланд кој е во посета на Москва нагласи и дека неговата цел е да види како со Путин може да делуваат заедно за да ја нападнат терористичката група, а истовремено да постигнат решение за мир.