Камерон за спроведување воздушни напади во Сирија

Британскиот премиер Дејвид Камерон

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави денеска дека верува оти неговата земја треба да и се придружи на меѓународната коалиција која спроведува воздушни напади против милитантите на Исламската држава во Сирија. Британскиот Парламент ќе гласа за предлогот наредната недела. Според Камерон, учеството на Британија во воздушните напади ќе биде дел од сеопфатната стратегија за да се деградираат милитантите и да се намали заканата по земјата.