Времето денеска: облачно со повремени врнежи

Во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од осум до 14 степени. Во Скопје ќе биде облачно со слаб ветер од северозападен правец. Врнежи од дожд ќе има во ноќните часови. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до девет степени.