Украина забрани руски летови над земјата

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук.

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук изјави дека неговата земја вовела забрана за транзит на руските авиони во воздушниот простор на земјата. Говорејќи по средбата на неговиот кабинет тој му наложил на министерството за инфраструктура официјално да ја извести Русија за забраната. Во минатиот месец двете земји ги укинаа меѓусебните летови. Според Јацењук, властите донеле одлука и да му наредат на енергетскиот гигант Нафтохаз да прекине со купувањето природен гас од Русија.