Бајден и Туск на балкански самит во Загреб

Американскиот потпретседател Џо Бајден

Американскиот потпретседател Џо Бајден ќе учествува на денешниот самит на Западен Балкан во Загреб со што, според оценките, се нагласува обновениот интерес на Вашингтон за регионот кој се справува со голема мигрантска криза. На состанокот на претседателите на осум држави ќе учествува и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск. „Состанокот на врвот од процесот „Брдо Бриони“ ќе биде своевиден дијалог на Југоисточна Европа, Европската унија и Соединетите држави за јакнење на стабилноста, сигурноста и благосостојбата во регионот“, е соопштено од Кабинетот на хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ која заедно со словенечкиот претседател Борут Пахор е домаќин на самитот. Освен нив на состанокот ќе учествуваат и претседателите на Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Албанија, како и на Австрија.