Времето денеска: облачно со повремени врнежи

Во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови, како и на југоисток каде локално се очекува да наврнат и над 40 л/м2 за период од 24 часа. Утринската температура ќе се движи од пет до 10, а дневната од осум до 15 степени. Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 10 степени.