Несогласувања за деловникот на анкетната за прислушувањето

Претседателот на Анкетната комисија, Петре Шилегов од СДСМ.

Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето утре ќе одржи координативен состанок за усогласување на деловникот за работа. Продолжението на денешната седница е закажано за в четврток. Претседателот на Анкетната комисија, Петре Шилегов од СДСМ, го прифати барањето на пратениците од владејачкото мнозинство за усогласување на ставовите за деловникот, за кој имаа низа забелешки. Најбројни беа забелешките за одлучувањето, односно дека Шилгов во случај на еднаков број гласови ќе го има одлучувачкиот глас.