Туск повика на смиреност

Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск.

Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск денеска повика на смиреност по соборувањето на рускиот авион од страна на турската војска во близина на границата со Сирија. Во ваков опасен момент по соборувањето на рускиот авион сите треба да останат со ладни глави и да бидат смирени, напиша Туск на социјалната мрежа Твитер.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави Турција и забила нож во грб на Русија и предупреди дека тоа ќе има сериозни последици врз билатералните односи меѓу двете земји. Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека неговата земја има право да ги преземе сите мерки против нарушувањето на границите.