Русија ја прекинува испораката на гас во Украина

Рускиот министер за енергија Александар Новак

Рускиот министер за енергија Александар Новак изјави денеска дека неговата земја ќе ја прекине испораката на гас во Украина доколку Киев не плаќа однапред и можеби ќе ја суспендира испораката на јаглен поради прекинот на струја на Крим. Според него, Русија може да преземе и политички и економски мерки доколку Украина не го снабди Крим со електрична енергија. Околу три четвртини од населението на Крим остана без електрична енергија откако четири далноводи беа уништени во украинскиот регион Керсон на северот од овој полуостров.