Кери на средба со израелскиот и палестинскиот лидер

Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска ќе се сретне со израелскиот и палестинскиот лидер со цел да се намалат неодамнешни тензии меѓу двете земји. Кери нагласи дека тој сака да помогне да се задуши насилството кое започна во септември и да се осигура дека луѓето нема да живеат во терор дека може да бидат прободени или застрелани. Кери најпрвин ќе се сретне со изралескиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред да разговара и со палестинскиот претседател Махмуд Абас на Западниот брег.