Самит ЕУ, Турција в недела во Брисел

претседателот на Европскиот совет Доналд Туск

Лидерите на 28 држави членки на Европската унија и на Турција ќе одржат в недела во Брисел, самит со цел подобрување на односите и решавање на кризата со мигрантите, соопшти синоќа претседателот на Европскиот совет Доналд Туск. Оваа одлука била донесена по позитивната препорака на Европската комисија за Турција и вчерашниот телефонски разговор на Туск со турскиот премиер Давутоглу. Европската комисија во почетокот на октомври предложи акционен план со кој се предвидуваат мерки за запирање на бранот бегалци кои од Турција преминуваат во Грција. Досега на ваков начин во Европа влегле над 700 илјади луѓе.