Споменик во чест на жртвите од холокаустот во Минск

Споменик во чест на повеќе од 6000 Евреи кои од Чехословачка беа депортирани во Минск од страна на нацистичка Германија е отворен денеска во главниот град на Белорусија. Чешкиот амбасадор во земјата, Милан Екерт присуствуваше на церемонијата на која се одбележа и 70 годишнината од депортирањето на Евреите. Споменикот испишан на три јазици, чешки, германски и белоруски е деветиот од таков вид, кој се наоѓа во близина на еврејските гробишта. Само девет од 6000 Евреи преживеале по депортацијата.