Специјалното обвинителство ги анализира предметите

Специјалната обвинителка Катица Јанева.

Од Специјалното јавно обвинителство денеска соопштија дека Јавното обвинителство им доставило одговор на нивното барање и оти ги анализираат доставените податоци со цел да утврдуват кој од предметите има приоритет и веднаш треба да се превземе. За сите детали околу преземањето на предметите Специјалното јавно обвинителство ќе информира в четврток.

Според соопштението, во сорабока со Министерството за правда, изготвен е Предлог закон за јавно обвинителска служба, кој е неопходен за екипирање на обвинителството со стручен, истражен и административен кадар. Од Специјалното обвинителство, како што е наведено во соопштението очекуваат Предлог законот да биде ставен на дневен ред на првата седница на Владата, по што во итна постапка ќе биде ставен на дневен ред и во Собранието и ќе се пристапи кон негова целосна имплементација.