Претседателот Иванов во посета на Брисел

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов од денеска ќе престојува во дводневна работна посета на Брисел. Тој денеска ќе оствари средба со потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс. Утре претседателот Иванов ќе се сретне со Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Во фокусот на разговорите, како што соопшти Кабинетот на претседателот Иванов, ќе биде интеграцијата на Македонија во Европската унија и во НАТО, како и актуелните состојби поврзани со мигрантската и бегалската криза.